Манчестер Јунајтед се надева дека ќе добие вкупно 30 милиони фунти за Ентони Марсијал и Ерик Баји, кои не се во плановите на менаџерот Ерик Тен Хаг.
Ова е повеќе од двојно помалку од сумата што клубот ја потрошил при привлекувањето на дотичните играчи. „Црвените ѓаволи“ за Марсијал во 2015 година платија 38,5 милиони фунти, а со сите бонуси неговиот трансфер би можел да достигне 60 милиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французинот има уште двегодишен договор со клубот, но од „Олд Трафорд“ сакаат да се ослободат од неговата висока плата која е 240.000 фунти неделно.
Проблемот е што засега нема сериозни понуди за него и од понеделник ќе почне да тренира со Манчестер Јунајтед.
Ерик Баји беше платен 30 милиони фунти од Виљареал во 2016 година. Сега клубот е подготвен да се раздели со него за само 8,5 милиони.