Голем број навивачи на Бока и Ривер патуваат во Шпанија во Мадрид каде што на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде одигран одлучувачкиот натпревар од финалето во Копа Либертадорес.
На пат се спрема и Рафаел ди Зео најпознатиот хулиган во светот и водач на навивачите на Бока кој доби дозвола од аргентинските власти да ја напушти земјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа многу е веројатно тој да не може да присуствува на епскиот реванш.
Магазинот „Оле“ разговараше со Гиљермо Модеро, националниот директр за обезбедување на фудбалските стадиони и спектакли, кој тврди дека Ди Зео нема да може да влезе на „Бернабеу“.
Ди Зео мораше да бара од министерството за правда го пуштат да ја напушти Аргентина, а се случи во вчерашниот ден кога ги приложи сите податоци за то колку останува, кога се враќа и каде ќе престојува.
Дали ќе успее да влезе на стадионот останува да видиме, но нема сомневање дека шпанската полиција ќе се обиде да го „држи на око“.