Дома Фудбал Останато На кој играч Роналдо морал да му прави кафе и да му ги чисти копачките?

На кој играч Роналдо морал да му прави кафе и да му ги чисти копачките?

Луис Назарио Да Лима Роналдо сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите играч иво историјата на фудбалот.

Роналдо поседуваше неверојатна брзина, агресивност, техника, но и дриблерски вештини, па така заслужено го доби епитетот „Феномен“. Сега легендарниот фудбалер имаше интервју со Валдано во кое помеѓу другото зборуваше и за Ромарио кој како постар играч барал од него да му прави кафе и да му ги чисти копачките.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„На почетокот Ромарио беше неверојатен кон мене. Многу пати бараше да му правам кафе, после тренинзите требаше да му ги чистам копачките и тоа пред сите во соблекувалната“, со насмевка се потсети Роналдо.

И Ромарио и Роналдо европската авантура ја стартуваа во ПСВ, интересно е што и вториот предизвик во Европа им беше идентичен. Двајцата настапуваа за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нани уште ќе игра, потпиша за нов клуб!

Познатиот португалски фудбалер Нани, чие цело име е Луис Карлос Алмеида да Куња, со 39 год…