Атмосферата во таборот на Манчестер Јунајтед на стартот од сезоната не е добра, особено по враќањето на Роналдо во тимот и поразот на стартот од сезоната од Брајтон.
Медиумите на Островот пренесуваат дека поголема група играчи е незадоволна од ситуацијата со Кристиано Роналдо и тоа што неговата иднина е главна тема во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот сака да го напушти клубот ова лето, пропушти голем дел од подготовките и неговото враќање во Карингтон ја наруши добрата атмосфера.
„Сето ова станува многу вознемирувачко за многу играчи. Тој има свои сојузници во таборот, но на многумина им е преку глава од се и како се однесува во сето ова“, изјави извор за весникот „Сан“.