Дома Фудбал На Де Јонг му е преку глава, ќе ја тужи Барселона

На Де Јонг му е преку глава, ќе ја тужи Барселона

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг нема намера да подлегне на притисоците на претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, и најави преземање правни акции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона инсистира Френки де Јонг да замине од „Камп Ноу“ ова лето или да се согласи на намалување на платата. Сепак, холандскиот фудбалер нема да се откаже од своите права и ги ангажирал најдобрите адвокати кои ќе го водат процесот.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Де Јонг е разочаран од начинот на кој клубот сака да го оцрни неговото име, бидејќи Барселона сака на суд да го оспори неговиот договор потпишан кога пристигна од Ајакс.

Де Јонг не сака да потпише ништо и целиот случај ќе го препушти на адвокатите на Ла Лига, ФИФА и УЕФА, при што Холанѓанецот реши да не го напушта клубот, иако Лапорта бара начин за да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антоан Гризман ќе го оствари својот сон во САД

АНТОАН Гризман потпиша договор со Орландо Сити и така го исполни својот долгогодишен сон д…