Дома Трансфер зона На големо се пишуваше дека ќе замине, а Зидан порача: Не можам да го замислам тимот без него

На големо се пишуваше дека ќе замине, а Зидан порача: Не можам да го замислам тимот без него

0

Изминатите неколку дена се појавија информации дека Кејлор Навас би можел да го напушти Реал Мадрид до крајот на преодниот рок.

Дури се пишуваше дека Костариканецот побарал трансфер и дека негова наредната дестинација би можела да биде Пари Сен Жермен.

Потоа во шпанските медиуми можеше да се прочита дека Реал ќе доведе некој од Субашиќ или Реина, но Зидан на денешната конференција јасно порача дека Навас нема да замине.

„Не можам да го замислам овој тим без него. Тој е важен играч и така ќе биде. Не размислувам за можност да замине и не ми кажал дека сака да си оди. Тој е тука и сака да игра за Реал. Кејлор е вистински професионалец и пред нас се многу натпревари сигурно дека ќе ни биде потребен“, изјави Зидан.

Реал Мадрид новата сезона во Ла Лига ја отвори со победа против Селта додека „кралевите“ утре во рамките од второто коло во шпанското првенство ќе играат против Ваљадолид.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер конечно најде купец за Габигол

Габриел Барбоса – Габигол пред три години пристигна во Интер како големо засилување, но не…