Дома Трансфер зона Најчудниот трансфер овој преоден рок во Италија: Интер го продаде па го врати Пинамоти за 18 дена!

Најчудниот трансфер овој преоден рок во Италија: Интер го продаде па го врати Пинамоти за 18 дена!

Ништо не не изненадува во фудбалот од поодамна, посебно кога станува збор за работењето на клубовите на трансфер пазарот. Сега во интересна ситуација се најдоа Џенова и Интер.

Џенова според претходно договорената клазула го откупи од Интер Андреа Пинамоти за 19.5 милони евра за Интер 18 дена подоцна да го врати за 500.000 евра повеќе. Така Џенова за тоа што го „чуваше“ Пинамоти 18 дена си заработи одлична сума.

Антонио Конте едноставно сфатил дека Пинамоти ќе му биде потребен за да ги растерети малку Лукаку и Мартинез, па Бепе Марота по негови инструкции брзо ја завршил работата.

Пинамоти се врати во Интер и потпиша договор на четири години. Неговиот аген, познатиот Мино Раиола му среди договор вреден два милиони евра годишно, плус бонуси.

Се уште не е познато дали Интер и до крајот на преодниот рок ќе остане со Пинамоти, Лукаку и Мартинез во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер не се откажува од Канте

Нголо Канте беше голема желба на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ не успеаа …