Дома Останати Најубав подарок за 20-от роденден: Остапенко против Халеп во женското финале на Ролан Гарос

Најубав подарок за 20-от роденден: Остапенко против Халеп во женското финале на Ролан Гарос

Јелена Остапенко е првата Летонка што ќе игра финале на гренслем турнир. Девојката од Рига го оствари најголемиот успех во кариерата и со триумфот над Тимеа Бачински од Швајцарија (7:6, 3:6, 6:3) во полуфиналето дојде како најубавиот подарок за нејзиниот 20 роденден.

„Сакам да играм овде, ве сакам луѓе, неверојатни сте. Отсекогаш играм агресивно и удирам силно по топчето кога имам шанса. Веројатно таквиот стил ми помогна да победам денеска. Пресреќна сум со начинот на прослава на мојот роденден“, рече Остапенко која го обезбеди првото гренслем финале.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Нејзина противничка за вечна слава во Градот на светлината ќе биде Симона Халеп. Романката во второто во второто полуфинале, исто така во три сета, ја елиминира Каролина Плишкова од Чешка (6:4, 3:6, 6:3). Нејзиниот пробив до второ финале во Париз траеше точно два часа по што и таа ќе има прилика во сабота попладне да игра за својот премиерен гренслем трофеј во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …