Дома Останати Кошарка Најтежок пораз за Леброн Џејмс во кариерата

Најтежок пораз за Леброн Џејмс во кариерата

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се поразени на гостувањето кај Филаделфија, предводени од одличниот настап на Џоел Ембид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Центарот не ја одигра четвртата четвртина, а натпреварот го заврши со 30 поени, 11 скока и 11 асистенции во победата на неговиот тим од 138:94.

Од друга страна, Леброн Џејмс по лошо ќе го памети овој меч.

Најдобриот стрелец во историјата на НБА од синоќа и играчот кој одигра најмногу минути во неа го претрпе најголемиот пораз во својата блескава кариера која започна во 2003 година.

Никој досега не го победил него и неговиот тим со 44 поени разлика, колку што беше синоќа во Филаделфија за домашниот тим.

Ова беше седми последователен пораз на Лејкерси против Филаделфија, а воедно и најголем во серијата од 290 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…