Дома Македонски спорт Најдобриот кошаркар на Македонија вчера се радуваше против непоразениот Баерн Минхен

Најдобриот кошаркар на Македонија вчера се радуваше против непоразениот Баерн Минхен

Македонскиот најдобар кошаркар во овој момент, Војдан Стојановски вчера одигра одличен натпревар за неговиот Олденбург против Баерн Минхен кого го совладаа со (83:82).

Овој пораз за Баварците во 20-тото коло од германската Бундес лига беше прв во сезоната и тоа дополнително дава на значење на триумфот на тимот на македонскиот кошаркар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стојановски натпреварот го заврши со 16 поени, три скока и три украдени топки.

Најмногу се истакна во првото полувреме во кое Олденбург направи резултатска предност во однос на Баерн. Во овој период од играта Стојановси постигна 14 поени и од поле шутираше без промашување 6/6.

Сега на табелата Олденбург е на втората позиција со скор од 16:4 за Баерн кој има учинок од 19:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…