Ерлинг Халанд одлично се вклопи во Манчестер Сити, но неговиот татко најавува дека можеби нема да остане долго на „Етихад“.
Халанд веќе ги оправдува вложените 60 милиони евра, Норвежанецот бележи неверојатни бројки во Премиер лигата каде веќе има постигнато 18 гола на 13 натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој потпиша повеќегодишен договор, поточно до 2027 година и е меѓу најплатените „граѓани“. Сити сигурно се надева дека ќе остане што е можно подолго, меѓутоа не е во таква насока изјавата на неговиот татко Алфи Халанд.
„Ерлинг би можел да остане во Сити во следните 15 години, бидејќи е многу среќен и зборуваме за огромен клуб. Но, моите убедувања се дека тој сака да докаже дека може да победува во која било голема лига.
Две ипол години беше во Германија, сега во Англија докажува дека победуваи тука, а за две-три години може да биде во Италија, Шпанија или Франција. Нема ништо конкретно, меѓутоа тоа е начинот на кој Ерлинг би покажал дека може да биде успешен секагде“, изјави таткото на фудбалерот на „граѓаните“ за „Франс Фудбал“.