Aрсенал и во новата сезона влегува како еден од кандидатите за титулата. Во текот на летото „топџиите“ се засилија со дефназивецот Калифиори, а наскоро треба да биде потврден и трансферот на шпанскиот репрезентативец, Мерино.
Во медиумите се пишува дека Арсенал во финишот од преодниот рок се обидува да ги доведе Осимен од Наполи и Лукман од Аталанта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека навистина може да има уште некое ново име потврди и Артета со последната изјава.
„Може да се случи изненадување до крајот на преодниот рок, ттреба да сме подготвени“, изјави Артета откако новинарите го прашаа дали нешто може да се случи во последните денови.
Преодниот рок во Премиер лигата е отворен до 1. септември.