Дома Фудбал Англија Најавите станаа реалност: Марез го бојкотира Лестер!

Најавите станаа реалност: Марез го бојкотира Лестер!

Лестер ги одби неколкуте богати понуди од Манчестер Сити за Ријад Марез, Алжирецот остана на „Кинг Пауер“, но се чини дека проблемите за „лисиците“ допрва почнуваат.

Марез силно посакуваше да се придружи на тимот на Гвардиола, а кога дозна дека трансферот нема да се реализира падна во депресија, барем така најавија англиските медиуми.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Јасно беше дека Лестер ќе има проблеми со Марез после преодниот рок, а најавите беа дека Алжирецот целосно ќе го бојкотира клубот.

Тоа вчера го најавија извори блиски до фудбалерот, а денес се покажа дека Марез навистина донел таква одлука.

Имено, „Скај Спорт“ информира дека Марез не се појавил на денешниот тренинг на Лестер, а од клубот немаат информација каде воопшто се наоаѓа нивниот фудбалер и кога ќе се појави на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓоковиќ го задржа четвртото место на АТП листата, Алкараз ја заврши сезоната на првата позиција

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа четвртото место на денес објавената АТП листа. Ѓо…