Дома Фудбал Лига на шампиони Најавени составите за Барса – Наполи: Елмас почнува од клупата

Најавени составите за Барса – Наполи: Елмас почнува од клупата

Вечерва Барселона и Наполи ќе го играат реваншот во осминафиналето во Лигата на шампионите откако во првиот натпревар резултатот на „Камп Ноу“ беше 1:1.

Медиумите утрово ги најавуваа стартните состави и според нив Елмас натпреварот ќе го започне од клупата за резерви, а Лоренцо Инсиње ќе стартува од првата минута. Во претходните денови се пишуваше дека Инсиње е повреден, па затоа Елмас ќе биде во стартниот тим, сепак Инсиње изгледа се опоравил.

Според составите и Гатузо и Сетиен ќе играат и тоа како офанзивно. Покрај Инсиње кај Наполи се најавуваат Мертенс и Каљехон, додека кај Барса тука е триото Меси, Суарез, Гризман.

НАЈАВЕНИ СОСТАВИ:

Барселона (3-4-4): Тер Штеген – Семедо, Пике, Ленгле – Алба, Роберто, Де Јонг, Ракитиќ – Меси, Гризман, Суарез

Наполи (4-3-3): Оспина – Ди Лоренцо, Манолас, Кулибали, Руи – Руиз, Деме, Зјелински – Калјехон, Инсиње, Мертенс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Mурињо откри: Головите на Арената пред натпреварот не биле исти!

Вечерва Тотенхем ја победи Шкендија, а после натпреварот Мурињо откри чудна ситуација која…