Дома Фудбал Италија Наскоро состанок во Милан: Малдини и Бобан го губат трпението

Наскоро состанок во Милан: Малдини и Бобан го губат трпението

Милан синоќа потешко од очекуваното стигна до победа во Верона, иако скоро цел натпрвар играше со играч повеќе, на крај пресуди пеналот на Пјонтек.

Меѓутоа, италијанските медиуми денес тврдат дека директорите Малдини и Бобан го губат трпението и наскоро ќе имаат состанок со тренерот Џампаоло.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Причина за тоа е што Џампаоло не им дава шанса на новите засилувања, па Милан од почетокот на сезоната игра практично во истиот состав како минатата година.

Синоќа во второто полувреме шанса доби Анте Ребиќ, кој одигра одлично, но Рафаел Леао, Бенасер и Тео Хернанес беа на клупата за решрезви.

Слична беше ситуацијата и во претходните натпревари, Леао одигра само 15 минути во трите меча, а Бенасер минатото коло беше стартнер поради повредата на Биглија и одигра одлично.

Малдини и Бобан очекуваат наскоро да ги видат на терен ноците засилувања за кои „росонерите“ ова лето потрошија 90 милиони евра.

Единствен новајлија кој не би требало да се форсира е дефанзивецот Лео Дуарте бидејќи дуото Мусакио – Ромањоли функционира одлично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…