Дома Фудбал Италија Наполи потврди: Елмас не е на продажба!

Наполи потврди: Елмас не е на продажба!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи нема намера да го продава Елиф Елмас и ќе ги одбие сите понуди за македонскиот репрезентативец.

Италијанскиот весник „Ил Матино“ информира дека Аурелио Де Лаурентис ги одбил сите понуди кои пристигнале за македонскиот „дијамант“.

Покрај интерсот од страна на шампионот Милан, конкретна понуда доставил и Торино, но Наполи експресно ја одбил.

Спортскиот директор на Наполи, Кристиано Џинтоли потврди дека Елмас не е на продажба.

„Елмас е во плановите на Наполи и за следната сезона. Играчот не е на продажба“, изјави Џинтоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри смирува по шокот со Венеција: На Наполи му е време да го сврти трендот

Наполи загуби од последнопласираната Венеција со 1:0, а Масимилијано Алегри порача дека па…