Дома Фудбал Италија Наполи поради законите во Италија нема да може да го промени името на стадионот?

Наполи поради законите во Италија нема да може да го промени името на стадионот?

Наполи експресно донесе одлука својот стадион да го преименува во Диего Армандо Марадона, тоа градоначалникот на градот и Аурелио Де Лаурентис и јавно го потврдија, меѓутоа може ли да се појави проблем?

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери објави дека поради законите во Италија на Наполи можеби нема да му биде дозволено стадионот да го носи името на Диего. Имено, според неговите тврдења во Италија потребно е да поминат 10 години од смртта на некоја личност за нејзиното име да може да се користи за некоја јавна градба.

Одлуката во клубот како што кажавме е донесена и сега се чека одговорот на Министерството за одбрана. Во случај овие најави на Палмери да се потврдат сигурно ќе има реакции од навивачите во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фантастично деби: Мајсторски гол на Лука Јовиќ🎥

Лука Јовиќ пред неколку дена се врати во Ајнтрахт Франкфурт на позајмица од Реал Мадрид и …