Дома Фудбал Ѓокереш одлучен во намерата: Не помислува да се враќа во Спортинг!

Ѓокереш одлучен во намерата: Не помислува да се враќа во Спортинг!

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш (27) ги презеде работите во свои раце кога станува збор за неговата намера да го натера раководството на Спортинг да го продаде на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најопасните напаѓачи во моменталниот фудбал изјави дека нема да тренира со тимот зошто сака да премине во Арсенал, и сега го одржа ветувањето.

Имено, подготовките на Спортинг започнуваат денеска, но тој одлучи да замине во Шведска и да не се појави на собирот.

Да потсетиме, договорот на Швеѓанецот со Спортинг е до 2028 година, но клаузулата за откуп изнесува 100 милиони евра.

Гокереш веќе прифати договор со Арсенал, но Спортинг сѐ уште не ја прифаќа понудата на англискиот клуб.

Швеѓанецот уште во текот на минатата сезона се договори усно со челниците на клубот да го напушти клубот доколку пристигне понуда од 60 милиони евра плус 10 преку бонуси, а Арсенал дури и ја надмина таа сума – понуди 65 милиони плус 15 преку бонуси, но од португалскиот клуб доби одбиеност.

Поради тоа, Гьокерес одлучи да тргне по потешкиот пат и ќе биде интересно да се следи како ќе се развива оваа навистина компликувана ситуација.

Ѓокереш се приклучи на португалскиот клуб во 2023 година како засилување од Ковентри во трансфер вреден 24 милиони евра, а минатата сезона преку сите натпреварувања собра 52 настапи, постигна 54 голови и 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Еве колку еден обложувач вложил пари за победа на Шпанија (Фото)

Во вистинско изненадување на Светското првенство, Шпанија одигра 0:0 против Зеленортските …