Дома Фудбал Баерн не може така лесно да го доведе напаѓачот кој блескаше на младинското Европско првенство!

Баерн не може така лесно да го доведе напаѓачот кој блескаше на младинското Европско првенство!

Најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен, упорно се обидува да го осигура потписот на Нико Волтемаде од Штутгарт, но договор со „Швабите“ нема да биде постигнат така лесно, бидејќи клубот од Баден-Виртемберг одлучно ја одби првата понуда на баварците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите наЈулијан Агарди од БИЛД во Штутгарт, клубот од „градот на Мерцедес“ не беше задоволен од понудата од 40 милиони евра плус дополнителни пет како бонус, па така била одбиена.

Во Штутгарт не сакаат леснсо да се откажат од фудбалерот кој летово играше одлично на Европското првенство за млади и според „Трансфермаркт“ е проценет на 30 милиони евра.

Според информациите, Штутгарт сака најмалку двојно повеќе, па поради тоа и одбил средба со претставниците на Баер. /p>

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов инцидент во САД: Пукање по натпревар, повредени најмалку четири лица!

Нови ужасни вести пристигнуваат од Светското првенство кое оваа година се игра во Америка,…