Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ова лето направи голема „чистка“ во тимот, па неколку фудбалери го напуштија „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Следен кој ќе го напушти Реал Мадрид е напаѓачот, Борха Мајорал, кој би можел да се пресели во Рома.
23-годишниот Шпанец одигра одлична сезона на позајмица во Леванте, но за него нема место во тимот на „кралевите“.
Рома бара напаѓач кој ќе биде алтернатива за Един Џеко и е пред договор со Реал Мадрид за едногодишна позајмица на Мајорал.
„Волчицата“ ќе плати 3 милиони евра за позајмица со можност за откуп следното лето за додатни 10 милиони евра.