Дома Македонски спорт Напаѓачите на Зенит „заспани“ пред натпреварот во Скопје

Напаѓачите на Зенит „заспани“ пред натпреварот во Скопје

kokorin

Во четврток на арената „Филип Втори“, македонскиот шампион Вардар ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, а противник на црвено-црните ќе им биде руски Зенит кој во последно време има проблем со ефикасноста.

Имено, рускиот претставник не постигнал гол на последните два натпревари против ФК Ростов и Динамо Москва, двете средби клубот од Санк Петерзбург ги заврши со реми без погодоци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека на последните пет натпревари во сите натпреварување, Русите постигнаа само три погодоци од кој еден од нив против холандски Утрехт беше постигнат во продолженијата откако по истекот на регуларните 90 минута резултатот гласеше 1:0 во корист на противникот на Вардар.

Сепак, од друга страна мора да се истакне добрата игра во одбраната на овој тим која во последно време е најдобриот дел на тимот предводен од Италијанецот Роберто Манчини.

Натпреварот помеѓу Вардар и Зенит се игра во четврток со почеток 21:05 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…