Дома Останати Тенис Наоми Осака ја победи Каролина Плишкова и обезбеди финале против Квитова

Наоми Осака ја победи Каролина Плишкова и обезбеди финале против Квитова

Јапонската тенисерка Наоми Осака се пласира во ново големо финале на Гренд Слем турнирите.

Денеска Осака имаше тешка задача бидејќи играше против далеку поискусната Плишкова, но после големата борба успеа да ја порази со 2:1 во сетови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првиот сет и припадна на Јапонката која после два направени брејка славеше со 6:2, а Плишкова во продолжение го изедначи резултатот славејќи во вториот сет со 6:4. Сепак, Осака беше подобра во одлучувачкиот период и славеше со 6:4, со што обезбеди пласман во големото финале.

Таму ја чека дуел против Петра Квитова која претходно ја порази Колинс. Ова ќе биде прв двобој на овие две тенисерки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни пораката која силно одекна во Србија

Новак Ѓоковиќ уште еднаш испрати порака до сите кои се сомневаа во него. По големата побед…