Дома Останати Тенис Наоми Осака е новата шампионка на Австралија Опен!

Наоми Осака е новата шампионка на Австралија Опен!

Јапонската тенисерка Наоми Осака го освои Австралија Опен откако денес во финалето ја победи Петра Квитова.

Осака одигра одличен меч и успеа да дојде до Грен Слем титулата со победа од 2:1 во сетови против Квитова. Јапонската тенисерка во текот на целиот натпревар беше на високо ниво и изненади со одличниот настап против искусната Квитова.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во првиот сет гледавме голема борба и се беше решено дури во тај-бреј, а таму подобра беше Осака со 7:2. Мечот можеше да биде решен во вториот сет. Осака имаше 5:3 и три меч топки на сервис на противничката. Квитова успеа да се спаси и да дојде до гем за 5:4.

После три изгубени меч топки, Осака го изгуби и својот сервис, па Квитова изедначи на 5:5. Така го врати претходно изгубениот брејк. Иако имаше проблеми на свој сервис Квитова поведа со 6:5 и дојде до пресврт за на крајот да го добие сетот со 7:5 и изедначи на 1:1.

Третиот сет Осака го доби со 6:4 и стигна до големата титула.

За Осака ова беше втора Грен Слем титула откако го освои УС Опен, а од наредната недела ќе биде прва тенисерка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…