Дома Останати Тенис Втората фаворитка елиминирана од Вимблдон!

Втората фаворитка елиминирана од Вимблдон!

Денес на Вимблдон го видовме првото изненадување и тоа се случи во женска конкуренција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Втората носителка Наоми Осака беше елиминирана во два сета од Казахстанката Јулија Путинцева.

Осака започна добро и на стартот од мечот имаше предност од 1:3. Сепак, Путинцева не се откажа и го возврати ударот и изедначи на 3:3. Првиот сет отиде во тајбрејк, а таму тенисерката од Казакстан беше поуспешна со 7:4.

Во вториот сет таа продолжи со одличната игра и беше подобра од Осака со 6:2.

Во второто коло Путинцева ќе игра против Викторија Голубиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе ги памети овие зборови од Надал до крајот на животот

Ривалството помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е едно од најголемите во историјата на тен…