Дома Фудбал Италија Нани: Најголемата закана доаѓа од Џеко, но и другите не смеат да се потценат…

Нани: Најголемата закана доаѓа од Џеко, но и другите не смеат да се потценат…

Португалскиот крилен фудбалер, Луис Нани со нетпрение го очекува римското дерби против Лацио.

Следниот викенд се игра градското дерби во Рим, а Нани верува дека неговиот Лацио овојпат ќе излезе како победник.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Се е можно, дури и Скудето, но нема смисла сега да зборуваме за тоа. Бев повреден кога пристигнав па ми требаше некое време да се вратам во форма, но сега се чувствувам добро и ќе се обидам да направам што е можно повеќе. Имав добро добредојде, па сакам да се оправдам на теренот“, истакна Нани додавајќи:

„Голот против Беневенто беше важен, навистина сакав порано да го пробијам ледот. Уживам да играм тука“.

Нани во кариерата имаше шанса да игра бројни дуели, а оној помеѓу Лацио и Рома ќе биде уште еден во низа.

„Од моментот кога стигнав луѓето само зборуваа за ова дерби. Ги искусив дерби дуелите во Манчестер, Истанбул и Лисабон, сите беа страствени, но сите пофалби ги добив за римското дерби“, истакна Нани.

Тој знае од каде се заканува најголемата опасност, кога е во прашање Рома.

„Рома е силна екипа, еден од кандидатите за Скудето. Един Џеко е особено опасен, но не треба ниту другите да се потценат“, заклучи Нани.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…