Јапонците ги поместуваат границите.
Фудбалскиот Јокохама е познат по тоа што во своите редови го има најстариот фудбалер на планетата, Казуа Миура.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој напаѓач има 52 години и се уште нема намера да стави крај, а денес доби квалитетно друштво.
Имено, договор со фудбалскиот клуб Јокохама денес потпиша легендарниот јапонски играч за врска Шунсуке Накамура.
Накамура има 41 година и е 11 години помлад Куаза.
Европа го памети од времето додека го носеше дресот на Селтик. Имаше разорна левица и беше мајстор за слободни удари.
Ќе видиме каква му е левицатана 41 година и како ќе изгледа кога ќе истрча на теренот. Тој и Казуа ќе формираат тандем од 93 години.