Дома Фудбал Останато Наинголан за тешката ситуација: Сопругата боледува од рак, се плашам да одам до продавница

Наинголан за тешката ситуација: Сопругата боледува од рак, се плашам да одам до продавница

Раџа Наинголан кој е на позајмица во Каљари од Интер освен коронавирусот дополнителна грижа во овие моменти му е неговата сопруга која боледува од рак.

Сопругата на Наинголан се бори со ракот, па Наинголан стравува од коронавирусот кој направи хаос во Италија.

„Коронавирусот е голем проблем, се зборува само за тоа. Болниците се избегнуваат, а терапиите малку се одложуваат. Се надевам дека ова ќе се реши што побрзо бидејќи Клаудија има слаб имун систем“.

„Сега кога одам во продавница постои ризик да се заразам со вирусот. Кога ќе стигнам дома се плашам да не и го пренесам на неа, но многу сум вниматален и мислам дека засега се е во ред. Веќе поминавме низ најтешкиот период и верувам дека одиме во вистинска насока“, се надева Наинголан.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

МРТ објави што ќе емитува на новиот спортски канал

Како што пред некој ден објавивме, МРТ ќе започне со емитување на четири нови канали помеѓ…