Дома Фудбал Италија Наинголан: Ако мислев на пари ќе направев трансфер во Јувентус или Челзи

Наинголан: Ако мислев на пари ќе направев трансфер во Јувентус или Челзи

Белгискиот играч за врска Раџа Наинголан откри дека своевремено одбил понуди од Јувентус Челзи затоа што парите не го интересирале.

Белгиецот остави трага во Каљари и Рома, а после 16 години поминати во Италија минатото лето се врати во татковината. Откако ја раскина соработката со Интер одлучи да продолжи во Антверп.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Парите не ме интересираат. Ако размислував на пари ќе имав поинаква кариера. После Каљари ќе направев трансфер во Јувентус кој ме сакаше кога бев во Рома, можев и во Челзи. Но сакав да останам во градот каде што се чувствував добро како играч и како човек“, изјави Наинголан.

Во Серија А Наинголан одигра 367 натпревари, постигна 48 голови и подели 35 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе под истрага на француската полиција!

Француските власти отворија истрага против Килијан Мбапе поради сомнение за неправилни исп…