Дома Останати Надал се врати на врвот на АТП листата

Надал се врати на врвот на АТП листата

Лошиот настап на Роџер Федерер во Мајами му го донесе на Рафаел Надал првото место на новата АТП листа.

Надал и покрај тоа што не настапи на Мастерсот во Мајами, успеа да го престигне Роџер Федерер кој падна на втората позиција, како резултат на раната елиминација на Мастерсот во Флорида.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Трет на листата е Марин Чилиќ, а потоа следува Александар Зверев кој со настапот во финалето напредуваше за една позиција.

Во топ десет се и Григор Димитров, Хуан Мартин Дел Потро, Доминик Тим, Кевин Андерсон, Џон Иснер и Давид Гофан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шок за шампионката на Вимблдон: Турнирот го заврши во третото коло!

Бранителка на титулата на Вимблдон, чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го заврши својот…