Шпанскиот тенисер Рафаел Надал веќе подолго време не е активен на тениските терени, а тоа на најдобар можен начин беше искористено од неговиот голем ривал Новак Ѓоковиќ кој успеа да го мине на вечната листа на освоени грен слемови, поточно со последниот триумф на УС Опен веќе има две титули повеќе (24/22) на најзначајните турнири.
Надал имаше интервју за „Мовистар“ во кое истакна дека е задоволен од тоа што има постигнато, односно опуштен и немам никаква фрустрација по однос на тоа прашање со тоа што смета дека кај Ѓоковиќ е сосема поинаква приказна.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Не сум фрустриран од едноставна причина, затоа што верувам дека направив се што можев во рамките на моите можности, -истакна Надал по што новинарот даде свое мислење дека со 22 грен слем титули едноставно не можеш да бидеш фрустриран.
Може. Земете го Новак за пример. Тој ја живееше таа грен слем приказна поинтензивно од мене. За него ќе биде поголема фрсутрација тоа да не го оствари. Токму и поради тоа дојде до тој рекорд, -порача Рафа.