Дома Трансфер зона Нагелсман го убедува Халанд да му се придружи во Лајпциг

Нагелсман го убедува Халанд да му се придружи во Лајпциг

19-годишниот голгетер Ервинг Халанд оваа сезона ги воодушеви европските гиганти со своите настапи во дресот на Салцбург.

На натпреварот против Ливерпул, Халанд беше следен од 40 скаути, па медиумите најавија голема битка за неговиот потпис во зимскиот преоден рок.

Германските медиуми пренесуваат дека Халанд бил во Германија во посета на Лајпциг и Борусија Дортмунд, два клуба кои се заинтересирани за неговиот потпис.

Тоа го потврди и тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман кој лично имал средба со голгетерот и го убедувал да дојде во неговиот тим.

„Се обидов да му објаснам на добар англиски за тоа која е мојата идеја во фудбалот, мислам дека средбата помина доста добро. Тешко може да се каже после вакви разговори, бидејќи вообичаено се еднострани. Ти како тренер кажуваш многу, а фудбалерот и агентот слушаат“, изјави Нагелсман.

Салцбург и Лајпциг имаат заеднички спонзор, Ред Бул, па тоа може да го забрза трансферот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп има мета од 60 милиони евра

Ливерпул оваа година после 30 години чекање конечно ќе стигне до титулата во Премиер лигат…