Дома Фудбал Останато Навивачи на Динамо: Ние бевме нападнати, моравме да се браниме!

Навивачи на Динамо: Ние бевме нападнати, моравме да се браниме!

Во фокусот на јавност и денес е инцидентот кој се случи во понеделеникот во пресметката помеѓу навивачките групи на АЕК и Динамо во која животот го загуби едно лице.

Уапсени се 94 лица, а грчката полиција смета дека барем уште 50-тина хрватски навивачи се во бегство. Од уапсените 94, дури 89 се Хрвати, пришува грчкиот портал „Newsbomb“. Според последните информации во пресметката учествувале и навивачи на Панатинаикос, но засега тоа не е официјално потврдено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во грчките медиуми утрово се пишува за односот на уапсените хрватски навивачи во полицијата кои ги опишуваат како војници.

„Уапсените даваат свои ДНК примероци, но на испитувањето се однесуваат како војници. Малку и одмерено зборуваат, нивните изјави се добро промислени, изгледаат остро и не се под стрес“, пишува грчкиот портал повикувајќи се на извори од истрагата.

Според првичните информации, Хрватите во полиција тврделе дека немале намера да прават проблеми во Грција и дека пристигнале само за да дадат „психолошка поддршка“ на Динамо, иако УЕФА забрани присуство на гостински навивачи на трибините.

Се пишува и дека имаат неверојатна теорија. Наводно, тие тврделе дека биле нападнати од неколку грчки семејства и така започнал инцидентот. Но, не можеле да објаснат зошто биле наоружани со палки и ножеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…