Манчестер Сити денес со пресврт стигна до победа во првиот полуфинален натпревар против ПСЖ кои се играше во предност.
ПСЖ добро го започна имаше и предност во првиот дел. До водство домаќините стигнаа преку Маркињос кој со глава го „матираше“ Едерсон во 15. минута. Иако видовме уште неколку прилики и на двете страни во првото полувреме тоа беше единствениот погодок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До изедначување „граѓаните“ стигнаа после нешто повеќе од еден час игра, а најголем виновник беше голманот Кејлор Навас. Кевин Де Брујн испрати топка како центар шут во шеснаесетникот, но Навас направи лоша проценка и топката од Белгиецот заврши морежата. Само седум минути подоцна Манчестер Сити дојде до целосен пресврт. Конечните 1:2 ги постави Ријад Марез со гол од слободен удар.
На 15 минути до крајот работата на ПСЖ беше отежната и поради црвениот картон на Гаје.
Оваа победа од 1:2 секако е голема предност за Манчестер Сити пред реваншот кој ќе го играат дома, сепак да никој не смее да ги отпише „светците“ пред време.