Дома Фудбал Репрезентации Му здосади да чека повик од Англија, па избра да игра за Јамајка

Му здосади да чека повик од Англија, па избра да игра за Јамајка

На напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио му здосади да чека на повик од Англија и ако не се случи некој голем пресврт во иднина ќе го носи дресот на Јамајка.

Јамајка изгледа ќе добие големо засилување во походот за пласман на Мундијалот. Момчето родено во Лондон не сака повеќе да чека и откако иако три години игра добри за Вест Хем и не доби шанса во националниот тим на Англија донел одлука.

Беше Мајкл Антонио дел од младинските англиски селекции, но никогаш не дебитираше за А тимот. Таа ситуација ќе ја искористи Јамајка. Претседателот на оваа Фудбалската федерација на оваа земја преку мејл му се обратил на Антонио кој го прифатил повикот, но нема веднаш да се приклучи на Јамајканците.

Пoточно нема да биде дел од тимот за претстојните пријателски натпревари затоа што сака да се фокусира на Вест Хем и борбата за овој тим за првите четири позици во Премиер лигата, односно место во Лигата на шампионите наредната сезона.

Мајкл Антонио секако ќе биде најголемото име во репрезентацијата за која настапува и Равел Морисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бамфорд: Џани е како мало дете, има девојка исто луда како него

Многу често фудбалерите на Лидс зборуваат за лудориите на Езгјан Алиоски сега на оваа тема…