
Еден месец пред почетокот на новата сезона италијанските клубови во фудбалот брзо ја составуваат шаховската табла со играчи. Официјалниот почеток на трансфер-периодот е за три недели, а тренинзите за предсезоната веќе се во тек за сите тимови. „Газета дело Спорт“ интересен текст во кој се наведува дека 100 играчи повеќе не се во плановите на своите клубови. Листата е обемна, а на неа се наоѓаат имиња како Ромелу Лукаку, Артем Довбик, Рубен Лофтус-Чик, Лоис Опенда, Давиде Фратези….
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тековниот шампион Интер наводно бара нови клубови за четворица играчи: Давиде Фратези, Бењамин Павард, Кристијан Аслани и Ебенезер Акинсанмир. Стратегот на Јувентус Лучијано Спалети ги избриша шест играчи. Артур, Хуан Кабал, Нико Гонзалес, Микеле Ди Грегорио, Аркадиуш Милик и Лоис Опенда повеќе не се дел од плановите на клубот.
Милан бара нови клубови за Давид Одогуа, Филипо Терачиано, Ворен Бонда, Исмаел Бенакер, Рубен Лофтус-Чик и Јунус Муса. Новиот тренер на Наполи Масимилијано Алегри не смета на седум играчи меѓу кои е и белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, и данското крило Јеспер Линдстром.
По сезона полна со подеми, но претежно падови, Фиорентина има шест играчи кои се вишок, меѓу кои се и италијанскиот напаѓач Рикардо Сотил, анголскиот напаѓач М’Бала Нзола, аргентинскиот бранител Матиас Морено.
Во Рома повеќе не сметаат на украинскиот напаѓач Артем Довбик, додека во Аталанта моментално за вишок се смета само Холанѓанецот Мичел Бакер, кој ретко играше последните две години поради разни физички проблеми. Најмногу играчи за ‘отпишување’ има во Каљари каде дури 11 играчи не се дел од новиот проект. На продажба се Николо Кавуоти, Џузепе Чиочи, Матеуш Виетеска, Никола Пинтус…. Комо има десет играчи кои не се дел од плановите на Сеск Фабрегас – Стефан Пош, Алберт Досена, Али Јасим, Алиез Фадера….