Дома Фудбал Арсенал тргна по капитенот на голем ривал: На маса е понуда од 70 милиони фунти!

Арсенал тргна по капитенот на голем ривал: На маса е понуда од 70 милиони фунти!

Бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш сака да се приклучи на актуелниот шампион на Англија, но останува прашањето дали Њукасл ќе ја прифати сумата што Арсенал има намера да ја понуди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал ова лето не планира да застане со засилувањата, а следната голема цел на лондонскиот клуб е Бруно Гимараеш. „Топчиите“ подготвуваат понуда од 70 милиони фунти за капитенот на Њукасл Јунајтед.

Бразилскиот играч за врска е означен како еден од приоритетните цели на Микел Артета. Арсенал во неговото доаѓање гледа можност да го подигне квалитетот на тимот кој следната сезона ќе ја брани титулата шампион на Англија.

Преговорите за потенцијалниот трансфер веќе се во тек, а контактите меѓу заинтересираните страни се интензивирани во последните денови. Се очекува официјалната понуда наскоро да пристигне на адреса на Њукасл.

Сѐ уште не е познато дали 70 милиони фунти ќе бидат доволни за раководството на Свраките да се согласи на продажба. Њукасл го смета нивниот капитен за еден од најважните играчи и сигурно нема да го пушти без значителна отштета.

Големата предност на Арсенал во преговорите е желбата на самиот фудбалер. Гимараеш наводно сака да се пресели на Емирати и го известил Њукасл за неговиот став.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од Лондон: Чаби Алонсо се договори со француски репрезентативец!

Челси е на чекор до реализација на уште еден голем трансфер со кој сака дополнително да го…