
Светското фудбалско првенство донесе промени не само во рангирањето на репрезентациите, туку и на фудбалскиот пазар. Трансфермаркт ги ажурираше пазарните вредности на играчите, а најголемите добитници очекувано се оние кои го обележија големиот турнир во Северна Америка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој пат беа ревидирани вредностите на дури 99 фудбалери, а најголемиот победник е Ламине Јамал, кој со шпанската репрезентација ја освои титулата светски шампион. Неговата вредност порасна за 20 милиони евра и сега изнесува дури 220 милиони евра.
Со тоа тој се изедначи со Ерлинг Халанд, кој исто така е проценет на 220 милиони евра откако на Светското првенство постигна седум голови. Двајцата сега го делат статусот на највредни фудбалери во светот.
На трето место се наоѓа Килијан Мбапе, чија пазарна вредност повторно се зголеми и изнесува 200 милиони евра.