Дома Македонски спорт Мутињо: Очекувавме дерби со Италија, но нема да биде лесно против Македонија

Мутињо: Очекувавме дерби со Италија, но нема да биде лесно против Македонија

Пред Македонија има само уште една пречка до Мундијалот во Катар, а тоа е селекцијата на Португалија, една од најголемите ѕвезди на оваа репрезентација, Жоа Мутињо порача дека на неговата репрезентација нема да и биде лесно против Македонија.

Мутињо беше искрен дека очекувале дерби со Португалија, но свесен е дека тешко ќе им биде против македонската репрезентација.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Очекувавме да играме против Италија, нема да лажеме, меѓутоа ќе ни биде тешко и против Македонија. Фудбалот е различен, сите тимови можат да победат без разлика на имињата на фудбалерите во нивните редови“.

Испрати пофалби за Македонија.

„Македонија има одличен тим и тоа го докажаа против европскиот шампион. Свесни сме дека не чека тешка задача, не смееме да ја потцениме Македонија затоа што многу добро се бранат и имаат добра организација“, изјави Мутињо.

Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија се игра во вторник од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…