Дома Фудбал Италија Мурињо: Шевченко ми подари шише црвено вино

Мурињо: Шевченко ми подари шише црвено вино

На своето деби во Серија А Андреј Шевченко како тренер на Џенова беше поразен од Рома на Жозе Мурињо.

Мурињо му беше тренер на Шевченко и двајцата добро се познаваат, па и не штедеа комплименти еден за друг.

„Пред почетокот на натпреварот Шева ми подари шише црвено вино. Станува збор за традиционален подарок во англискиот фудбал од страна на домашниот тренер. По крајниот резултат среќен сум за мене, но разочаран за него. Сепак, еден ден позициите ќе се променат, тој ќе биде разочаран за мене, а среќен за самиот себе“, изјави Мурињо.

Кога е натпреварот во прашање Рома успеа да слави со 0:2 со два гола во второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ го прослави трофејот со нов договор

Лука Модриќ има уште една причина за славење по освојувањето на Лигата на шампионите. 36-г…