Дома Трансфер зона Мурињо со дефанзивец од Мадрид го решава најголемиот проблем?

Мурињо со дефанзивец од Мадрид го решава најголемиот проблем?

0
mourinho

Шпанските медиуми пренесуваат дека првите чекори се веќе направени.

Жозе Мурињо е во потрага по нов стопер.

Изминатото лето со Манчестер Јунајтед се поврзуваа Хари Мегваер, Тоби Алдервилд, Жером Боатенг, Диего Годин...Сепак, на крајот никој не заврши на „Олд Трафорд“.

Сега медиумите во Шпанија пишуваат дека нова мета на Жозе Мурињо е Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид. „Марка“ тврди и дека првите конатакти се веќе воспоставени.


Следете го Sportski.mk и на


Наводно, од таборот на „ѓаволите“ се спремни добро да платат за 22 годишниот Французин кој во својот договор има откупна клазула од 80 милиони евра.

Репрезентативецот на Франција може да игра и на позицијата лев бек, место на кое Мурињо исто така има проблем, барем според неговите стандарди.
Со Ернандез во текот на летото се поврзуваше и Реал Мадрид, но немаше ништо конкретно.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанците ја откриваат сумата која Јувентус ќе ја понуди за Погба

Италијанските медиуми се убедени дека Пол Погба може да се врати во Јувентус. Погба летото…