Дома Трансфер зона Мурињо сака да го „украде“ Ибрахимовиќ пред носот на Милан

Мурињо сака да го „украде“ Ибрахимовиќ пред носот на Милан

Златан Ибрахимовиќ е слободен агент и многу клубови се заинтересирани за неговиот потпис, а италијански Милан важи како фаворит за негово доведување.

Паоло Малдини и Звонимир Бобан се обидуваат да го доведат Златан Ибрахимовиќ кој сигурно би бил големо засилување, како во нападот, така и како лидер во соблекувалната.

„Росонерите“ на 38 годишниот напаѓач му понудија шест милиони евра за 18 месеци, но сега добија силна конкуренција за неговиот потпис.

Имено, англиските медиуми тврдат дека Мурињо сака да го донесе Ибрахимовиќ во Тотенхем. Двајцата соработуваа во Интер и Манчестер Јунајтед, па Португалецот одлично ги познава неговите квалитети.

Во наредните денови Тотенхем ќе испрати официјална понуда до неговиот менаџер Мино Раиола, а Ибрахимовиќ конечната одлука ќе ја донесе до средината на декември.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе одби продолжување на договорот и со тоа најави трансфер

Нема дилеми дека Килијан Мбапе ќе стане најдобриот играч на светот во наредните години. Иа…