Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мурињо: Промашениот пенал психолошки ќе влијае на Меси

Мурињо: Промашениот пенал психолошки ќе влијае на Меси

messi

Aргентина Мундијалот во Русија го започна со неочекувано реми против селекцијата на Исланд 1:1.

Спротивно од очекувањата со оглед на тимот вреден 699 милиони евра преполн со ѕвезди Аргентина не ја оправда фаворитската улога.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По натпреварот многу се зборува и за промашениот пенал на Лионел Меси.

Промашениот пенал на Аргентинецот го прокоментира и Жозе Мурињо.

„Тоа е сосема нормално. И Меси е само човек. Имаше лош ден“, прокоментира Мурињо.

Мурињо додаде и дека промашениот пенал би можел психолошки да влијае на Меси.

„Кога на едно Светско првенство ќе промашите пенал и тоа во момент кога токму тој погодок може да и донесе поебда на вашата репрезентација сигурно дека сте изложени на емоции. Сигурен сум дека тој пенал стресно ќе влијае на Лионел Меси“.

„Се обиде да го води тимот до победа, но не можеше да им помогне на соиграчите. Исланѓаните кои уште од деца за доручек јадат многу месо, покажаа сила и форма со која можат да запрат играч каков што е Меси“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…