Дома Фудбал Италија Мурињо под казна за срамот во Норвешка ги натерал играчите да тренираат во три часот наутро

Мурињо под казна за срамот во Норвешка ги натерал играчите да тренираат во три часот наутро

Екипата на Рома во Конференциската лига доживеа голем срам откако беше поразена од Бодо Глимт со убедливи 1:6.

Рома како фаворизирана екипа отпатува во Норвешка, а таму доживеа вистински потоп. Мурињо после натпреварот на прес-конференцијата ги обвини фудбалерите. Својата лутина „Спцијалниот“ им ја покажал веднаш ноќта откако се вратиле од гостувањето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мурињо им наредил на играчите веднаш по слетувањето на аеродромот во три часот наутро да се упатат кон тренинг центарот „Тригорија“. Италијанските медиуми пишуваат дека тренингот Мурињо го завршил некаде пред пет часот.

Веќе утре Мурињо и Рома ги чека нов предизвик и тоа против лидерот на табелата во Италија, Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…