Дома Фудбал Останато Мурињо и Рома понижени: Бодо Глимит ги победи со 6:1! 🎥

Мурињо и Рома понижени: Бодо Глимит ги победи со 6:1! 🎥

Eкипата на Рома вечерва доживеа вистински дебакл во Конференциската лига на гостувањето кај Бодо Глимит каде што беше поразена со неверојатни 6:1.

Тимот на Жозе Мурињо беше целосно разбиен иако како голем фаворит влезе во мечот. Дека Рома нема добро да помине беше најавено после 20 минути игра кога домаќините преку Ботием и Берг водеа со 2:0. Перез во 28. минута намали на 2:1. Во тие моменти изгледаше дека Мурињо ќе ги врати работите како што многумина очекуваат, но не се случи тоа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ботием во 52. минута зголемува на 3:1, а потоа погодува Солбакен, Пелегрино и уште еднаш Ботием за неверојатни 6:1.

Дефинитивно ова е едно од најголемите понижувања во кариерата на Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…