Дома Фудбал Англија Мурињо за Погба: Морам да признаам, беше најдобар

Мурињо за Погба: Морам да признаам, беше најдобар

Тренерот на Манчестер Јунајтед беше задоволен по победата на неговиот тим во вчерашниот натпревар против Бурнемоут во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ славеа рутинска победа од 0:2, а Мурињо после натпреварот истакна дека Пол Погба бил најдобар поединец на овој натпревар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не сум љубител на наградите за најдобар играч на натпреварот, бидејќи јас водам тим, а не поединци. Меѓутоа морам да признаам дека Погба денес навистина беше најдобар. Против Манчестер Сити беше одличен, но сега беше многу многу добар“, порача Мурињо.

Да потсетиме францускиот играч за врска до неодамна беше во немилост на Жозе Мурињо кој во некои од клучните натпревари го оставеше на клупата за резерви, но изгледа дека Погба сега ситуацијата ја свртел во своја корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Карагер: Тотенхем е во критична состојба и веројатно ќе испадне од Премиер лигата

Џејми Карагер, славниот одбранбен играч на Ливерпул кој сега е аналитичар, изрази песимиза…