Дома Фудбал Останато Мурињо за враќањето на Зидан: Перфектна работа за мене, Реал Мадрид и него

Мурињо за враќањето на Зидан: Перфектна работа за мене, Реал Мадрид и него

0

Пред Зинедин Зидан да седне на клупата на Реал Мадрид за главен фаворит за превземање на кормилото на шпанскиот гигант беше Жозе Мурињо.

Сепак, на крајот „кралевите“ ги изненадија сите кога на клупата го вратија Зинедин Зидан кој пред помалку од една година го напушти клубот.

Откако Зидан седна клупата на Реал сега се огласи и Жозе Мурињо кој враќањето на Французинот во Реал го означи како перфектно.

„Мислам дека неговото доаѓање е перфектна работа за клубот бидејќи претходно работеше фантастично“, изјави Мурињо и додаде:

„Тоа е перфектен расплет за мене, Реал Мадрид и него. Ќе има голема шанса да покаже колку е добар, посебно во создавањето на нов проект. Јас лично сметам дека тој е голем тренер“, порача Мурињо.

Зидан со Реал Мадрид потпиша договор до 2022 година. Годишно ќе заработува 12 милиони евра, а се враќа во тимот со кој освои три титули во низа во Лигатан а шампионите. Освен трите тиули во најелитното европско натпреварување Зидан со Реал освои титула шампио на Шпанија, шпански Суперкуп, два УЕФА Суперкупа и две светски клупски првенства.

Треба да се спомене дека денес Реал Мадрид го потврди и првото засилување. Станува збор за дефанзивецот на Порто, Едер Милитао. Реал Мадрид за неговите услуги ќе плати сума од 50 милиони евра, а тој ќе потпише договор на шест години. (тука)

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сари од херој за Неапол сега е предавник – ова е доказ! (ФОТО)

Кога стигна официјалната потврда дека Маурицио Сари ќе биде нов тренер на Јувентус тој пов…