Дома Топ вести Започна реконструкцијата: Реал Мадрид го потврди засилувањето од 50 милиони евра!

Започна реконструкцијата: Реал Мадрид го потврди засилувањето од 50 милиони евра!

Трансферот кој долго време се најавуваше денес е официјално потврден.

Ако враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид се смета за прв чекор кон големата реконструкција тогаш овој долго најавуван трансфер на стоперот Едер Милитао е потгот број два! Сега е и ифицијално!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милитао ставил потпис на шестгодишен договор. Бразилецот кој ја воодушеви Европа после само шест месеци е првиот фудбалер во голема реконструкција која се очекува на „Бернабеу“ во текот на летото.

Договорот е дефинитивно постигнат. Порто се согласил на оштета од 50 милиони евра, но проблем правеше Сао Паоло со процентот кој требаше да го добие како копмезација бидејќи Милитао потекнува од тој клуб. Работата сега е завршена.

Последен играч кој преминал од Порто во Реал беше Данило во 2015 година и тогаш работата беше завршена по ист принцип, во март.

Милитао на почетокот се очекува да биде во ротацијата и да влегува на местото на Варан или Рамос, меѓутоа ако се знае дека капитенот има веќе 32 години јасно е дека Милитао е доведен да биде негова долгорочна замена. Тука се и честите повреди на Варан…Како и да е нема соменвање дека за Милитао ќе има минутажа.

Оној кој треба да се грижи е Хесус Ваљехо. „Марка“ тврди дека во моментот кога Милитао ќе „стапи на должност“ младиот Шпанецот веројатно ќе замине. Очекувањата се да биде испратен на нова позајмица. За неговите услуги интерес покажуваше Ајнтрахт.

https://www.youtube.com/watch?v=GdTunmzbI6s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …