Дома Фудбал Останато Мурињо за баражот за СП: Не ги отпишувајте предвреме Македонија и Турција

Мурињо за баражот за СП: Не ги отпишувајте предвреме Македонија и Турција

Жозе Мурињо дефинитивно е еден од најконтроверзните тренери на сите времиња, а сега како тренер на Рома ги предупреди Италијанците и Португалците да не планираат дека тие сигурно ќе играат во финалниот бараж на 29. март.

Во четврток Македонија ќе и гостува на Италија во Палермо, додека Португалија е домаќин на Турција. Победниците ќе се сретнат на 29. март.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Италија или Португалија на Мундијалот? Не ги отпишувајте предвреме Македонија и Турција. Не можам да бидам неутрален. Ја сакам Италија, живеам тука и оваа земја ми даде многу, но си навивам за Португалија и сакам да оди на Мундијал“, изјави Мурињо.

Ќе потсетиме Италија му носи убави спомени на Мурињо и од времето кога беше тренер на Интер кога со Горан Пандев во тимот нероаѕурите во 2010 година освоија триплета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…