Жозе Мурињо денеска доби отказ и повеќе не е тренер на Рома која ја презема во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига и да игра финале во Лигата на Европа.
Раководството на римскиот клуб немаше трпение по лошите резултати оваа сезона, додека за Мурињо ова беше вкупно шести отказ во кариерата и секој од нив добро го наплати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакаме да му се заблагодариме на Мурињо за неговата страст и труд кои ги вложи додека го водеше нашиот клуб. Секогаш ќе имам убави спомени за времето кое го помина кај нас. Во овој момент верувам дека промената на клупата е во најдобар интерес на Рома“, гласеше објавата на Рома.
Со овој отказ Мурињо дојде до заработка од скоро 100 милиони евра од предвремето раскинување на договорите во клубовите каде што работеше.
ЧЕЛЗИ (Прв мандат) – 21 милион евра
РЕАЛ МАДРИД – 20 милиони евра
ЧЕЛЗИ (Втор мандат) – 10 милиони евра
ТОТЕНХЕМ – 17 милиони евра
РОМА – 3.5 милиони евра
ВКУПНО: 94 милиони евра