Дома Фудбал Италија Мората ја зеде „деветката“: Ова е животна шанса за мене!

Мората ја зеде „деветката“: Ова е животна шанса за мене!

Алваро Мората денеска и официјално беше претставен како нов играч на Јувентус.

Шпанскиот напаѓач не го криеше задоволството што се враќа во Торино и го избра дресот со број „9“, кој претходно го носеше Гонзало Игуаин.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Одлично е чувството да се вратиш во Торино. Сега сум поискусна личност и подобар фудбалер. Ова е животна шанса за мене. Веќе по првите два тренинзи бев импресиониран од Пирло како тренер бидејќи го знае фудбалот. Сигурен сум во успехот и би сакал да постигнам 35 гола“, изјави Мората.

„Секогаш велев дека мојот сон е да играм за Атлетико Мадрид, но во Јувентус веруваа во мене и кога бев многу млад и благодарен сум за шансата. Сега сум на вистинско место во вистинско време. Најдобрата меморија од Италија ми е мојата сопруга и трофеите кои ги освоив“, додаде 27-годишниот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…